Ако мислите дека тропскиот поглед кој делува неверојатно не постои, погледнете го ова…
Оваа неверојатна лагуна е дело на самата природа, а може да биде и вистинско парче од рајот на земјата, совршено за одмор и релаксација.
Толку е неверојатно што ќе ви биде тешко да ги гледате овие слики, а да не посакате да сте таму. Токму на оваа рајска локација се наоѓа „Intercontinental Bora Bora Resort“, кој вклучува колекција прекрасни ложи и вили над вода кои се изградени околу спа центарот.
Овој неверојатен атол кој настанал со деградација на корали се нарекува Моту Пити Аау и опкружува два централни круга од овој остров. Оваа идилична локација е за било кој вид на одмор, а гостите ќе бидат маѓепсани.
Две обликувани површини ја продолжуваат оваа лагуна, а на нив се наоѓаат вкупно 82 прекрасни соби. Секоја од овие соби има интересна кровна структура и бдее над мирните сини води. Ова сместување без сомневање може да биде најдоброто хотелско сместување во светот. На вашата приватна палуба можете да уживате во префинетиот појадок, а потоа да се одлучите дали ќе продолжите со нуркање или едноставно ќе се релаксирате.
Во склоп на ова одморалиште постои и Thalasso Spa центарот кој со прекрасните третмани ќе ви го разубави денот. Во текот на вечерата, ви предложуваме да го посетите Bubbles Bar, каде можете да уживате и доживеете неверојатни искуства.