26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИМалиот, дискретен фото апарат HX90V од Sony кој секогаш изгледа добро

Малиот, дискретен фото апарат HX90V од Sony кој секогаш изгледа добро

aab

Новиот Sony DSC-HX90V е најдобриот партнер за патување, подготвен да ве придружува до секоја дестинација, без разлика дали е разгледување на историски споменици или крстарење со полно авантури.

Секоја функција е беспрекорно дизајнирана да го задоволи нескротливиот патник во секој од нас, без разлика дали сакаме да фотографираме ситни детали или само да го фатиме моментот. Најлесниот компактен фото апарат на светот во својата класа ќе ви помогне во секоја фото ситуација на вашето патување.

Ситните украси на прозорецот, таму горе? Делфин на хоризонтот? Со HX90, ниту едно растојание не ќе може да ве спречи. Со својот високо квалитетен 30x оптички зум лесно ќе ги доближите оддалечените сцени и ќе фотографирате неверојатно детални снимки.

Нека биде на плажа, при разгледување или во ресторан, HX90 е толку мал што може да го понесете со вас во вашата торба или џеб. И покрај своите џебни димензии, со HX90 можете да добиете неверојатни снимки во целосно автоматски режим или може да изберете да ги унапредите своите фотографски вештини со големиот број на опции. Фотоапаратот може да се пофали со неверојатно брз авто-фокус, оптички стабилизатор на сликата и 5-оскина стабилизација на сликата, со што се намалува тресењето на камерата кое се појавува кај фотографиите или филмовите при зумирање на големи растојанија.

aaa

Уживањето на вашите деца на море за прв пат е момент кој вреди да се сними! Опцијата за снимање ви дозволува да снимите акции во висока дефиниција со голема резолуција и високо квалитетен звук.

Премногу сончева светлина понекогаш може да претставува проблем за фотографирање, но не и со електронскиот визир. Без оглед на светлосните услови во кои фотографирате, било да е тоа на врвовите на Пелистер  или на брегот на Охридското езеро, визирот го забележува вашиот избор кога светлината го отежнува гледањето на екранот.

Но, колку и да се добри вашите фотографиите од одмор тие не би биле комплетни без селфи? Селфињата на плажа, планина или низ град се лесни со HX90V, со својот LCD екран со завртување од 180 степени кој ви овозможува да видите како точно ќе се појави во вашите фотографии.

aac

Без оглед на тоа каде ќе решите да го поминете годишниот одмор, вреди да се сподели. За да можете веднаш да ги прикачите вашите фотографии (и потенцијално да ги направите љубоморни вашите пријатели), HX90V ви овозможува да направите брзо поврзување преку Wi-Fi на вашиот телефон или таблет, а вградениот GPS значи дека вашите пријатели и семејството ќе знаат точно каде се наоѓате.

Драгоцените спомени треба да се чуваат на сигурно место. Не заборавајте да понесете мемориска картичка со вас. Картичката на Sony SF-UX2 SD ќе ви овозможи голема брзина и поддршка за фотографии како и видео снимање во висока дефиниција. Со својата отпорност на потреси и издржливост на екстремни температури, можете да бидете сигурни дека вашите спомени се безбедни каде и да одите.

aab

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП