18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСе продава Financial Times?

Се продава Financial Times?

ft vesnik 29393

Британскиот издавач Pearson одлучи да го продаде лондонскиот финансиски весник Financial Times (FT) на една глобална, дигитална новинска компанија, дознава Reuters од добро упатени извори. 

Од Pearson, кој речиси 60 години го поседува FT, потврдија дека се во напредна фаза на преговори во врска со потенцијална продажба на весникот, но не сакаа да изнесат детали.

Светскиот лидер во сегментот на издаваштво за потребите на образовниот систем смета дека е момент во целост да се фокусира на образовната стратегија и повеќе да не биде во медиумскиот сектор, рече за Reuters неименуван извор.

Во претходни медиумски написи беше истакното дека цената на FT би можела да достигне околу милијарда фунти, што според аналитичарите е преоптимистичка понуда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП