18 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузно одморалиште среде џунгла (фото)

Луксузно одморалиште среде џунгла (фото)

du1

Доколку сте во потрага по сокриенo живописно одморалиште за вашето следно патување од соништата, тогаш ова парче рај од Пунта де Мита во Мексико е совршен избор за вас…

Пунта де Мита е можеби популарно место за одмор, често исполнето со туристи и гламур, но прекрасниот Imanta Resort е место кое ви нуди сосема поинакво искуство на неверојатната Nayarit ривиера. Ова шармантно одморалиште ви дава можност за уживање во беспрекорната природа со неверојатна приватност, додека сте опкружени со 250 хектари густа џунгла, а сепак сте во близина на рајската плажа. Imanta Resort е еколошки рај кој е совршен за сите луѓе кои сaкаат да се отргнат од се на кратко време.

Сместувањето во ова оморалиште е неверојатно, во прекрасни 12 вили кои се направени од камен и дрво, опремени со модерен и современ мебел и други повеќе од потребни неопходности, од високо квалитетен кревет, свилена постелнина, до исклучително модерна бања.

Главниот ресторан на ова одморалиште е воедно и неговата глава атракција. Со името Tupika овој ресторан е фокусиран на свежите и одлични искуства. Доколку сакате да уживате во звуците на брановите можеби повеќе ќе ви се допадне кафе барот со скара на плажата. Овде можете да уживате во морските специјалитети и други атракции.

Не постои шанса да ви биде досадно во ова одморалиште, кое ви нуди спа третмани, набљудување на китови, нуркање, риболов, голф, јавање коњи и набљудување на птици.

du2

du3

du4

du5

du6

du7

du8

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП