6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Данон Романија“: Повлечените млечни производи се безбедни за употреба

„Данон Романија“: Повлечените млечни производи се безбедни за употреба

20130319-214630.jpg

Компанијата „Данон Романија“, која вчера повлече од пазарот серија млечни производи поради стравувањата дека можеби се заразени со афлатоксин, соопшти денеска дека акредитирана европска лабораторија ги анализирала продуктите и утврдила дека тие се безбедни за употреба, односно содржат афлатоксин под европските стандарди.

– Парлалено со превентивното повлекување на производите од пазарот, „Данон Романија“ испрати примероци од нив на анализа во акредитирана европска лабораторија. Резултатите добиени од лабораторијата денеска потврдуваат дека производите содржат афлатоксин во количина која е под европските норми, поради што се безбедни за конзумирање, се наведува во соопштението на компанијата.

Компанијата повлече вчера превентивно од пазарот некои продукти, за кои постоеше сомневање дека содржат траги од млеко загадено со афлатоксин и блокираше 75 тони млеко, откако анализите потврдија присуство на афлатоксин кај млекото од еден од доставувачите на фирмата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП