6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНаскоро тендер за рехабилитација на делницата Велес-Катланово

Наскоро тендер за рехабилитација на делницата Велес-Катланово

20130319-212832.jpg

Автопатската делница Велес-Катланово ќе се рехабилитира со средства во износ од 7,8 милиони евра, од кои 85 проценти ќе бидат грант од Европската унија, а 15 проценти од буџетот на Македонија.

За реализација на проектот, Европската унија денеска на својата интернет страница ги претстави плановите за тендерите за градежни работи и надзор над градежните работи.

Објавата, според прописите на ЕУ е дел од целосната постапка за реализација на овој проект, а паралелно се работи на изготвување на тендерската документација, и по нејзино одобрување од службите на Европската унија, ќе следи и објавување на тендерот за градежни работи и надзор, соопшти Министерството за транспорт и врски.

Во рамки на Оперативната програма за регионален развој (за програмскиот период 2012-2013 година), Министерството за транспорт и врски во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта, како врвен приоритет во делот на инвестиции во патната инфраструктура, го предложи проектот за рехабилитација на автопатската делница Велес-Катланово, како дел од Коридорот 10 за финансирање од европските фондови.

Делегацијата на ЕУ во Македонија го одобри проектот на 6. овој месец. Со него е предвидена рехабилитација на патната делница од Велес до Катланово во должина од околу 24 километри, преку целосна обнова на асфалтот по целата должина од делницата, поставување нови банкини и заштитници, нова, современа хоризонтална и вертикална сигнализација, мрежи за заштита од одрони. Со тоа, според Министерството за транспорт, пред се, ќе се овозможи зголемување на безбедноста при патување, намалување на бројот на сообрајќајни незгоди, скратување на времето на патување, како и намалување на трошоците за одржување на возилата кои поминуваат по делницата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП