1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГрчките банки се подготвени да ги преземат активите и пасивите на филијалите...

Грчките банки се подготвени да ги преземат активите и пасивите на филијалите на кипарските банки во Грција

20130319-212039.jpg

Грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас изјави дека грчките банки се подготвени да ги преземат активите и пасивите на филијалите на кипарските банки во земјата.

По синоќешната телеконференциска врска на Еврогрупата, Стурнарас истакна дека банките во Грција се подготвени да ги преземат активите и пасивите на трите филијали на кипарските банки, Bank of Cyprus, Кипарската народна банка и Helenic Bank, кои ќе бидат затворени до четврток. Сите останати грчки или странски банки во Грција ќе работат нормално, увери Стурнарас.

Тој појасни дека нема никаква опасност за заштедите на Грците, во грчките, кипарските или други банки.

Четирите главни грчки банки, Националната банка на Грција, Alfa Bank, Pieros Bank и Post Bank, кои се рекапитализираа со средствата од еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд, пројавиле интерес за преземање на кипарските филијали.

Се проценува дека за финансирање на тој план се потребни околу една милијарда евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП