23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДовербата на германските инвеститори стабилизирана во март

Довербата на германските инвеститори стабилизирана во март

zew

Довербата на германските инвеститори се стабилизира во март, покажа најновото истражување на институтот ZEW, како одраз на влијанието на постизборниот застој во Италија и заплетот околу Кипар.

Индексот на институтот ZEW во тековниот месец остана речиси непроменет, тој изнесуваше 48,5 поени во однос на 48,2 поени, колку што изнесуваше во февруари.

Политичката состојба во Италија и помошта за Кипар ја зголемија опасноста од заострување на должничката криза во еврозоната, која очигледно го спречи значителното зголемување на индексот на довербата во март, се вели во соопштението.

„Експертите на финансиските пазари ја потврдуваат досегашната прогноза за можните подобрени активности во германската економија во наредните месеци. Најголем ризик фактор за еврозоната е должничката криза во еврозоната, а така ќе биде и во наредниот период“, велат од интитутот.

ZEW за потребите на истражувањето анкетираше 245 аналитичари во периодот од 4 до 18 март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП