2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндија ја намали референтната каматна стапка на 7,5 проценти

Индија ја намали референтната каматна стапка на 7,5 проценти

rbi1

Централната банка на Индија (RBI) ја намали референтната каматна стапка, втор пат оваа година, за 25 базични поени, од 7,75 проенти на 7,5 проценти.

Индија донесе решение за намалувањето на референтната каматна стапка со цел да го поттикне економскиот раст кој во четвртиот квартал од 2012 година изнесуваше 4,5 проценти, што е најспорото темпо во последните две години.

Централната банка посочи дека условите за натамошно намалување на каматната стапка се ограничени, бидејќи иако неодамна бил забележан застој во потрошувачките цени, заканата од пораст на инфлацијата постои.

Меѓутоа аналитичарите предвидуваат дека „RBI“ веќе во мај ќе ја намали основната каматна стапка за дополнителни 0,25 проценти.

Меѓутоа, поради доцнењето на Индија во спроведувањето на реформите, инвеститорите се претпазливи која станува збор за влез на овој пазар, што би можело да доведе до поголемо забавување на растот на економијата во наредните месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП