24 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајубавото скриено место за капење во светот‏ (фото)

Најубавото скриено место за капење во светот‏ (фото)

0904503404_55

Ако сте во потрага по кристално чисто море како на Карибите, тогаш би требало да размислите за можноста ова лето да отпатувате на место каде што неговата смарагдна боја едноставно ќе ве магепса…

Ова лето отпатувајте во Бразил и посетете ја пештерата која ја има најчистата и најпровидната вода на светот, а и во која може сосема безгрижно да се искапете!

Поко Азул е пештера во која што ќе сретнете кристално чиста, сина вода. Под влијанието на сончевата светлина водата станува целосно провидна, така што се чини како пливачите да лебдат во воздухот. Езерото има длабочина од 20 метри и во текот на целата година ја задржува истата температура од 24 степени целзиусови.

Најдобро време за посета на пештерата е помеѓу 12 и 14 часот кога низ посебен отвор во пештерата влегуваат сончевите зраци креирајќи посебен ефект. Но имајте на ум дека вашата посета на пештерата во текот на облачните денови би можела и да ве разочара.

Во пештерата Поко Азул се пронајдени околу 40 различни животински видови, a за дел од нив се сметало дека се веќе исчезнати видови.

Кога сте веќе таму, посетете го и најблискиот национален парк Диамантина во кој се наоѓаат дијамантите кои што останале откако рудниците биле напуштени и од последните рудари во потрага по нови драгоцени камења.

Можеби на тлото ќе пронајдете интересен сувенир, но најпрвин уживајте во нашата фотогалерија…

61101895 (1)

61101896

61101897

61101893

61101894

0904503404_55

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП