6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработените не можат да штедат

Невработените не можат да штедат

nevraboteni1

Во Шпанија, Италија, Португалија и Франција високата стапка на невработеност е „социјално експлозивна“, предупредува агенцијата „Standard and Poor`s“.

Голем е ризикот дека тие земји нема да успеат да ги спроведат потребните реформи, бидејќи невработените се помалку се способни да штедат, смета директорот на германската филијала на „Standard and Poor`s“, Торстен Хајнрих.

„Високата стапка на невработеност во Шпанија, Италија и Франција е социјално експлозивна. Мора да постои социјален консензус за мерките за штедење. Високата стапка на невработеност не придонесува за консензус“, изјави Хајнрих за медиумите.

Тој додаде дека шпанците и потругалците „веќе покажале дека се подготвени да ги поднесат мерките за штедење, но дека тоа не може вечно да трае“.

Во Италија постои и опасност дека новата влада нема да биде доволно силна за да ги спроведе реформите кои би го зајакнале економското заздравување, изјави Хајнрих.

„Standard and Poor`s“ и понатака на Германија и доделува врвен, ААА кредитен рејтинг со стабилен изглед,

“Германија е една од ретките стабилни земји со ААА рејтинг, кој сеуште го имаме во Европа“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП