24 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMattel во минус, Barbie се помалку се купува

Mattel во минус, Barbie се помалку се купува

barbie-mattel

Американскиот производител на играчки „Mattel“ оствари во вториот квартал оваа година нето загуба од 11,4 милиони долари (10,5 милиони евра).

Тоа изнесува три центи по акција, додека во истиот квартал една година претходно оствари профит од 28,3 милиони долари, односно 8,0 центи по акција.

Меѓутоа, кога ќе се исклучат вонредните ставки, резултатот по акција е позитивен и изнесува еден цент, додека аналитичарите просечно очекуваа загуба од четири центи.

Акциите на „Mattel“ на берзата во Њујорк скокнаа за 5,4 проценти, иако од почетокот на годината паднаа за 19 проценти, пренесува Ројтерс.

Оваа компанија која го промени директорот на почетокот на годината, презема опсежни мерки за реструктуирање, откако нивната позната кукла „Barbie“ започна да ја губи битката со електронските играчки.

Како што се наведува во соопштението, групацијата успеала во вториот квартал да ги намали трошоците за близу 10 проценти.

Продажбата на играчки од брендот „Fisher price“ за најмладите деца во извештајниот период пораснала за 9,0 проценти, на 337 милиони долари, по падот од 17 проценти во вториот квартал минатата година.

Брендот „Barbie“ продолжи со падот на продажбата и тоа од 11 проценти, на 130,3 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП