9 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПочувствувајте го луксузот во Hotel Royal Apollonia (фото)

Почувствувајте го луксузот во Hotel Royal Apollonia (фото)

aspo1

Наречен по Аполон, грчкиот бог на светлината и на сонцето, „Royal Apollonia Hotel“ во Лимасол на Кипар ги отвори своите врати за гостите откако комплетно беше реновиран.

Тоа реновирање доведе до повторно „раѓање“ на првиот луксузен хотел со пет ѕвездички во Лимасол. Хотелот се наоѓа во срцето на Лимасол и има свои скриени песочни плажи. Сега, по реновирањето има и привлечни и светли јавни површини со шик елементи, земјени тонови на бои и непречен поглед на бескрајното медитеранско синило.

Сите 204 соби се повторно изградени и редизајнирани за да понудат луксуз, комфор и се останато што треба да понуди еден луксузен хотел со пет ѕвездички. Посебно дизајнираните делукс соби сега имаат проширени балкони со џакузи за потполна релаксација на отворено со непречен поглед кој предизвикува воздишки.

„Cos Alto“ – што во превод значи нешто ново, иновативно и уникатно – е името на новиот италијански ресторан со кој, сега, хотелот има вкупно четири ресторани.

Дизајнот на базенот потсетува на знакот за бесконечно што сосема одговара, бидејќи има површина од 523 метри квадратни. Тука се наоѓа и барот со освежителни пијалоци и потполно нов базен за деца со мали водени топогани, а тоа го прави овој прекрасен луксузен хотел погоден и за семејни патувања.

aspo2

aspo3

aspo4

aspo5

aspo6

aspo7

aspo8

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП