6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинези и Руси купуваат имот во Јужна Европа

Кинези и Руси купуваат имот во Јужна Европа

Santorini-Imerovigli_05

Во последно време богатите кинески и руски туристи масовно купуваат вили на плажите во Јужна Европа. Новозабогатените олигарси, но и средната класа од земјите со бурно растечка економија купуваат имот и ги завземаат плажите во овој дел на стариот континент.

Според истражувањата кои ги направија некои од медиумите дојдоа до заклучок за впечатливиот број на кинески туристи во Европа. За разлика од 1996-та година кога нивната бројка изнесувала 5 милиони годишно, а во последно време посетите на туристите од Азија на стариот континент се зголеми за фантастични 60 милиони.

Исто така и големиот развој на Русија придонесе нејзините жители се почесто да излегуваат од својата татковина, па така туристите од оваа земја од 12 милиони колку изнесуваше претходно, бројката порасна на 40 милиони.

Ваквите бројки придонесоа за се поголема заинтресираност од нивна страна кон недвижностите кои се наоѓаат покрај море, а со тоа значително се зголеми и продажбата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП