30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку инвестира Кина во странство

Колку инвестира Кина во странство

kina

Кинеските инвестиции во странство во јануари и февруари се зголемија на годишно ниво за 147 проценти.

Тие сега изнесуваат 18,39 милијарди долари, што е повеќе од директните странски инвестиции (ДСИ) во самата земја, покажуваат објавените податоци.

Приливот на ДСИ во Кина во истиот период изнесувал 17,48 милијарди долари, што е за 1,35 проценти помалку во однос на истиот период претходната година, се наведува во соопштението на кинеското Министерство за трговија, а пренесува агенцијата Франс Прес.

Официјален Пекинг се сврте кон промовирање на инвестициите во странство со цел да се реформира кинескиот модел на раст и да се превземат значителни странски ивестиции во секторот за енергетика, рударство и висока технологија, наведуваат аналитичарите.

„Тоа веројатно ќе биде долгорочен тренд, бидејќи постои голема веројатност дека во наредните неколку години, кинеските директни инвестиции во странство да ги надминат директните странски инвестиции во Кина“, изјави аналитичарот Рен Сјенфанг.

„Националната стратегија на Кина е од голем извозник да се претвори во голем инвеститор“, додаде тој.

Директните инвестиции на Кина во странство минатата година се зголемени за 30 проценти во споредба со 2011 година, бидејќи компаниите на втората најголема светска економија, се повеќе настојуваат да го прошират работењето.

Најголем раст на кинеските инвестиции во првите два месеци од 2013 година, е забележан во Австралија, каде што е забележано зголемување од 282 проценти, се додава во соопштението од министерството. Следи Хонг Конг, со раст од 156 проценти, САД со 146 проценти, Југоисточна Азија со 114 проценти и ЕУ со 81,9 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП