20 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕМаурициус: Совршен одмор на островот од соништата (фото)

Маурициус: Совршен одмор на островот од соништата (фото)

4219219-cook-islands-normal

Кога зборуваме за далечни и егзотични дестинации, први кои ни паѓаат на памет се обично Бали, Малдиви, Кариби… Но, и Маурициус е подеднакво интересна дестинација…

80560298455a0a83533070531049623_v4 big

Овој остров е одалечена само 900 километри од Мадагаскар во Индискиот Океан, а по големина е 168-ма во светот. Со површина од само 1.860 километри квадратни и нешто повеќе од милион жители, спаѓа меѓу најмалите држави на светот.

55939094355a0a835497bd175574321_v4 big

Островот го откриле Португалци во1505 година, но тој останал ненаселен до колонизацијата на Холанѓани кои го населиле во 1638 година, давајќи му го името по принцот Маурицио од Насау. Островот во 1810 година доаѓа под управа на Британци, а независноста ја добива во1968 година, кога станува Република. Интересен факт е тоа што Маурициус е една од најразвиените држави на Африка.

49445862255a0a8356c265319506910_v4 big

Маурицискиот архипелаг е создаден благодарение на низа вулкански ерупции пред околу 10 милиони години. Денес, овде повеќе нема вулкански активности. Климата на островот е тропска, зимите се топли и суви, а летата влажни и врели. Летно време, островот често го погодуваат циклони.

02-3-beautiful-mauritius-island

Главниот и најголем град е Порт Луис, кој се наоѓа на северозапад. Официјални јазици се француски и англиски, но сепак, вкупно се зборуваат шест јазици, од кои најзастапен е тамилскиот кој го зборуваат дури 800.000 луѓе.

12534328255a0a8357c07b527111241_v4 big

Маурициус во светот е познат уште по некои занимливости. Една од нив е и птицата Додо. Исто така, Маурициус е петта држава на светот која добила поштенска марка.

113617840355a0a83588452374685434_v4 big

Накратко, сино море, ретки животински видови, палми и песочни плажи – се само дел од убавините кои ве очекуваат на ова прекрасно место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП