17 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple држи 92 отсто од профитот во индустријата на смартфони

Apple држи 92 отсто од профитот во индустријата на смартфони

apple brand

Според информациите кои се појавија во медиумите, „Apple“ зазема 92 проценти од профитот во индустријата на смартфони во првиот квартал од оваа година.

Минатата година на компанијата од Купертино и припаѓаа 65 отсто од сите приходи во индустријата на смартфони. Навистина неверојатен податок, со оглед на тоа дека во продажбата на единици сочинува една петина од сите продадени паметни телефони.

Колку е ова голем успех ќе ни го потврди фактот, дека моментално околу 1000 компании ширум светот произведуваат смартфони.

„Samsung“ е веднаш зад „Apple“, но само 15 проценти од индустрискиот профит во првиот квартал. Но овие две компании земаат речиси 100 проценти од профитот, а многу од другите производителите изгубија големи пари во овој бизнис.

Просечната цена на еден „iPhone“ е околу 666 долари, додека просечната цена на „Android“ телефон е 185 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП