6 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАДали ова е новиот Nexus 5?

Дали ова е новиот Nexus 5?

nexus

Неименувана личност која тврди дека работи за „Google“ на интернет страната „Android and Me“ постави фотографии во кои се открива изгледот на „Nexus 5“, но и многу детали од спецификациите.

Судејќи по фотографиите се чини дека наследникот на „Nexus 4“ ќе го прави „LG“.

Кога спецификациите се во прашање, телефонот ќе поседува 5.2-инчен 1920 1080 „OLED“ дисплеј, 2.3GHz „Qualcomm Snapdragon“ 800 процесор и 3GB RAM.

Меѓутоа, „LG“ досега ја избегнуваше идејата за користење на „OLED“ екраните на своите телефони, со што до некаде ќе ги стават во сенка овие информации.

Кога камерата е во прашање на корисниците на располагање ќе им биде камера од 13 мегапиксели,како и предни стерео звучници.

Судејќи по мистериозниот извор, можеме да очекуваме телефон со 16,32 и 64 GB простор за складирање на информациите, а пак уредот на пазарот треба да се појави во октомври 2013-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП