26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАAкција „Oтворено со Управата за имотно правни работи“

Aкција „Oтворено со Управата за имотно правни работи“

imotno-pravni

Граѓаните од утре преку директна комуникација со стручни тимови на Управата за имотно правни работи ќе може да добијат стручна помош за решавање проблеми од имотно правен карактер и да добијат одговор на прашања од таа област.

За таа цел ќе се спроведе акција „Отворено со Управата за имотно правни работи“  во просториите на подрачните одделенија за првостепена управна постапка, која ќе трае до 28 март од 10 до 18 часот, соопшти денеска Министерството за финансии.

Утре и задутре акцијата ќе се одвива во подрачните одделенија за првостепена управна постапка во општините Карпош, Центар и Кисела Вода. На 22 март граѓаните добиваат можност за средби со стручни тимови на Управата во подрачното одделение за првостепена управна постапка во Куманово, на 25 во Битола, на 26 во Охрид и во Струга, на 27 во Гостивар  и во Тетово. Акцијата ќе заврши со активности на 28 март во подрачните одделенија за првостепена управна постапка во Струмица и во Штип.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП