„Oberoi Udaivilas“ е името на официјално најдобриот хотел во светот, кој се наоѓа во Удајпур во Индија. Една од многубројните причини поради кои ја добил оваа ласкава титула е односот кон гостите, кои се третираат како кралеви.
Луксузните услуги како приватни базени и личен батлер се само дел од широкиот асортиман на услуги кои ги нуди „Oberoi“. За оние со исклучително длабок џеб, се разбира.
Во грандиозното здание на хотелската палата се пристигнува со приватен брод преку езерото Пичола. Целиот хотел е инспириран од традиционалната индиска архитектура, во која спаѓаат карактеристичните куполи.
Во оазата на мирот дополнително придонесуваат фонтаните и рајските градини, кои на хотелскиот имот ги има во голем број.
Целиот концепт е заснован на апсолутен мир и спокој за гостите, кои добиваат третман достоен за индиските владетели.