6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПоради ОВА веднаш исфрлете го лебот од исхраната!

Поради ОВА веднаш исфрлете го лебот од исхраната!

boximage (1)3

Летото е совршено време од годината да започнете да се храните поздраво! Ако престанете да консумирате леб, очекувајте да ви се случи нешто од ова…

1. Ќе ги изгубите килограмите предизвикани од насобраната вода во телото

Лебот изобилува со јаглехидрати, па токму затоа нивното брзо исфрлување од исхраната скоро инстантно ќе покажe резултати. Не станува збор за слабеење, туку за губење на водата која се насобрала во вашето тело.

Организмот собира јаглехидрати во форма на гликоген, еден вид млечна киселина која собира вода. Секој грам јаглехидрати задржани во телото, насобираат 3 до 4 пати повеќе вода од својата тежина.

2. Нема постојано да бидете гладни

Преработените јаглехидрати кои се наоѓаат во големи количини во белиот леб, предизвикуваат нагло растење и скок на шеќерот во крвта, кои исто толку нагло потоа и опаѓа.

Овие луди промени му испраќаат на мозокот нејасни сигнали кои го зголемуваат чувството за глад и жед поради кое и луѓето се здебелуваат.

Но, тоа не значи дека вие мора целосно да го исфрлите лебот од вашата исхрана, туку дека треба празните калории од белиот леб да ги замените со оние кои се направени од житарки со целосни зрна кои го регулираат и балансираат шеќерот во крвта.

3. Дополнителен прилив на енергија и подобрување на варењето

За разлика од интегралниот или црниот леб, белиот не содржи хранливи влакна кои се потребни за нормална работа на цревата и варењето. Токму затоа тој создава тврда столица и проблеми со варењето. Откако ќе го исфрлите белиот леб од менито и во секојдневната исхрана ги зацврстите продуктите со целосни зрна, вашата работа на дигестивниот систем ќе почне да работи нормално.

Исто така, јаглехидратите се и гориво за мозокот. Ако тие се квалитетни, мозокот работни нормално, но ако храната за мозокот не е здрава, тогаш се појавува чувство на омалаксаност и замор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП