25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПоддршката за Windows Phone престанува во 2014-та

Поддршката за Windows Phone престанува во 2014-та

windows

„Microsoft“ откри дека поддршката за„Windows Phone 7.8“ и „Windows Phone 8“ ќе престане во втората половина од 2014-та година.

Оваа компанија планира да ги поддржува „Windows Phone 8“ до 8-ми јули, а пак „Windows Phone 7.8 “ до 9-ти септември 2014-та година.

„„Microsoft“ ќе обезбедува надградби за оперативниот систем на вашиот телефон, вклучувајќи ги и они кои се за безбедноста, во период од 18 месеци откако ќе почнете да го користите телефонот. Дистрибуцијата на надоградбите ќе биде контролирана од страна на мобилните оператори или продавачите на телефони каде можете да ги купите. Надоградбите ќе завистат и ќе се разликуваат од земја до земја и од можноста на хардверот“ стои во соопштението од „Microsoft“.

„Microsoft“ кон крајот на годината се очекува да ја претстави новата верзија на својот паметен телефон, а моменталните уреди би требало да бидат надградувани на таа верзија, па така да ќе имаат животен циклус од уште 18 месеци.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП