24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛошиот почеток на годината не влијае на германската економија

Лошиот почеток на годината не влијае на германската економија

berlin2

Слабиот почеток на оваа година не влијае врз закрепнувањето на германската економија, порача германската централна банка Бундесбанк. „Несигурниот почеток на 2013 не ги доведува во прашање прогнозите за растот на економските активности во Германија“, се вели во извештајот на Бундесбанк.

Германското индустриско производство во јануари стагнираше, а индустриските нарачки неочекувано се намалија, потикнувајќи загриженост во врска со закрепнувањето на најголемата европска економија по последниот квартал во претходната година, каде што економијата беше намалена за 0,6 проценти.

Во Бундесбанк сепак се оптимистични и предвидуваат дека Германија е на патот кон закрепнувањето.

Официјалните лица од Бундесбанк минатата недела ја потврдија прогнозата за раст од 0,4 проценти во оваа година.

Повеќето економисти сметаат дека германската економија ќе ја избегне рецесијата, која обично се толкува како два последователни квартали во кои е забележан пад, и покрај слабиот раст во првиот квартал.

Во последно време, објавените податоци за очекувањата покажуваат раст на оптимизмот меѓу германските компании, инвеститори и потрошувачи, а во февруари е намалена и невработеноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП