17 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕMuse Hotel - помеѓу фантазијата и реалноста (фото)

Muse Hotel – помеѓу фантазијата и реалноста (фото)

muse1

Сместен на прекрасната француска ревиера во сончевиот медитерански град Сен Тропе, „Muse Hotel “ ги изненадува своите гости со прекрасната атмосфера.

Овој хотел има уредена еколошка градина, лежалки и целокупен лежерен амбиент, па делува како да потекнува од соништата. Кога ќе ја здогледате рецепцијата, ќе видите структура направена од камен, која на хотелот му дава интимна атмосфера која веднаш ќе ви влезе под кожа и ќе направи да ја заборавите сета негативна енерија која ја имате во себе.

Сместувањето во овој хотел е прекрасено, подобро кажано рајско… Можете да одберете апартман во еден од четирите стила – „Elegance“ „Luxe“, „Muse“ и „Prestige“ и да уживате во целиот луксуз кој овде се нуди.

Во овој хотел можете да добиете постојана собна услуга, батлер, услуга на сонце, можете да одберете и специјални перници или мирисно цвеќе, локален специјалитет, масажа… односно сето она што можете да го посакате и замислите.

Доколку сте во близина на Сен Тропе , овој хотел е иделното место за вашиот одмор.

muse2

muse3

muse4

muse5

muse6

muse7

muse8

muse9

muse10

muse11

muse12

muse13

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП