28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПакомак се погрижи 100 неформални собирачи на отпад да добијат здравствен преглед

Пакомак се погрижи 100 неформални собирачи на отпад да добијат здравствен преглед

pakomak

Минатата недела Пакомак –Друштвотот за управување со пакување и отпад од пакувањезаедно со невладината организација „ЗЕУР“ се погрижи 100-ина неформални собирачи на амабалажен отпад да ги добијат основните и неопходни здравствени прегледи со цел  да се направи чекор понапред во напорите тие што побрзо да се инкропорираат во социјалниот систем и да се вклучат во системот на Јавното Комунално Претпријатие.

По тој повод беа изршени ЕКГ прегледи, абдоминални прегледи и крвна слика, а извештаите за нивната здравствена состојба покажа дека дури 90% од нив се со лекарски наод, а дел од нив и за првпат одат на лекар.

„Една од основните активности на Пакомак во соработка со разни невладини организации и други правни субјекти кои ги организираат неформалните собирачи е да овозможиме што поскоро нивно вклучување во системот на ЈКП. Тоа го правиме со донирање на потребната инфраструктура  на ЈКП, опрема и организирање на едукативни курсеви за неформалните собирачи.Паралелно на овие активности Пакомак во соработка со комуналните претпријатија вложува максимални напори да воспостави финансиски оддржлив систем во управувањето со отпадот од пакување, кој ќе овозможи вклучување на неформалните собирачи во структурата на комуналните претпријатија, а со тоа тие ќе добијат социјално и здравствено осигурување. Истовремено ќе обезбедат егзистенција за своите семејства, а со тоа сите заедно ќе допринесеме секојдневните грди слики, од луѓе кои претураат по контејнерите, да останат позади нас во минатото“, изјави Филип Ивановски, извршен директор на Пакомак .

Вакавата акција на Пакомак е од големо значење бидејќи претставува една од многуте иницијативи за намалување на бројот на невработеноста во Македонија и истовремено се  заложуваат да станеме значително почиста земја што од аспект на екологијата е врвен приоритет за македонското општество. Неформалните собирачи  влегуваат во социјалната категорија на граѓани, и претставуваат проблем на државата, а кој може да се надмине само со координирано дејствување  на сите засегнати страни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП