16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдложено гласањето за данокот на депозити во кипарските банки

Одложено гласањето за данокот на депозити во кипарските банки

20130318-195955.jpg

Седницата на кипарскиот Парламент, на која треба да се разгледа и да се гласа за нацрт-законот за оданочување на депозитите, се одложува за утре, информира електронското издание на кипарскиот весник „Филелефтерос“.

Претседателот на Парламентот Јанакис Омиру изјави дека ќе се разгледаат измените во нацрт-законот, кои ќе ги достави Владата.

Претседателот Никос Анастасиадис претходно денеска ги информираше членовите на парламентот зад затворени врати во врска со законот.

Се очекува Централната банка да донесе одлука за стопирање на банкарската дејност утре, при што не е исклучено мерката да остане во сила до завршувањето на работата на Парламентот.

Законодавното тело денеска требаше да се произнесе за мерката, која е услов за отпуштање на спасувачката меѓународна помош за Кипар во износ од десет милијарди евра. Одлуката беше донесена на вонредното заседание на министрите за финансии од еврозоната во петокот. Се очекува од оданочување на депозитие да бидат собрани шест милијарди евра.

Владата на Анастасиадис разгледува неколку алтернативни сценарија. Тие предвидуваат намалување на данокот на депозитите под сто илјади евра од 6,75 отсто на три проценти и зголемување на данокот на сумите над сто илјади на десет осто. За депозитите над 500 илјади евра се предлага данок од 12,5 отсто.

Партиите предложуваат малите депозити до 25 илјади евра да не бидат оптоварувани со данок.

Полицијата ја опколи зградата на Парламентот со цел да ги спречи демонстрантите да стигнат до објектот и евентуално да ја прекинат работата на парламентарците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП