19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманските претприемачи внимателно ја откриваат Африка

Германските претприемачи внимателно ја откриваат Африка

afrika2

Африка досега на странските инвеститори им беше интересна исклучиво поради природните ресурси. Тоа пред се го воочија Кинезите. Но сега и Германците го откриваат „црниот континент“ како регион во кој може да се заработи.

На крајниот север и на крајниот југ на африканскиот континент германските компании се одамна присутни. Традицијата на економските зделки со Јужна Африка и со земјите од Магреб е долга и плодна. Но, сето она што се наоѓа меѓу овие два региона беше непознато до неодамна за најсилната извозна економија во светот. Но, полека но сигурно германските претприемачи ја откриваат Африка.

 

Кинезите градат, Германците контролираат

Бројот на германски компании кои се активни во Африка за само една година се зголеми за три проценти. Германија, позната по своите машини и автомобили во Африка извезува пред се услуги. „Тоа се компании кои на некој начин се поврзани со инвестициите во инфраструктурата и тоа пред се во советодавната област и во контролата на квалитетот“, вели Хеико Швидеровски од Германската трговска и стопанска комора. Бидејќи во Африка градат Кинезите, а Германците засилено се вклучени во контролата и инжинерингот. Кинезите со изградбата на инфраструктурната мрежа го „отплаќаат“ своето присуство во Африка и пристапот до природните ресурси. Но и Африканците во меѓувреме сватија дека кога е во прашање контролата на квалитетот, треба да им се обратат на Германците. Затоа во моментов на многу места можат да се најдат проекти во чија реализација се вклучени сите три страни.

 

Соработка во пелени

Но, вкупниот обем на зделки кои германските компании ги остваруваат во Африка е многу мал и изнесува само два проценти од вкупниот германски бизнис. Од тие два проценти, 40 проценти отпаѓаат на Јужна Африка. Светот, па така и Германија се повеќе ги открива и другите земји во Африка кои се обидуваат да создадат поволни услови за инвеститорите. Сите тие земји, како на пример Руанда или Танзанија, се обидуваат да привлечат со своите природни богатства. Она што им успеа на водечките извозници на енергија, како Ангола и Нигерија треба да им успее и на помалите земји, да веруваат во Германската трговска и стопанска комора. Но, незадоволителната безбедност и политичката нестабилност се фактори кои се уште ги одбиваат инвестициите во голем стил. Во нив се вбројуваат и т.н. „greenfiled“ инвестиции, односно вложувања во производствени проекти. Но, пред некој од германските гиганти да се одлучи да гради погони во Африка, ситуацијата мора да се стабилизира и тоа не само на безбедносно-политички план туку и на економски план. Германија својата шанса ја гледа и во погоните за преработка на природните богатства во самите земји на експлоатација. „Од тоа сите би имале корист“, заклучува Швидеровски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП