2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин за Кипар: Опасна игра

Путин за Кипар: Опасна игра

putin1

Рускиот претседател Владимир Путин е против данокот на депозитите во банките на Кипар. Руските банки и компании во кипарските банки имаат повеќе од 30 милијарди долари. А Кипар повторно го одложи гласањето.

Како што пренесува агeнцијата АП, државните медиуми на Кипар пренесоа дека гласањето на кипарскиот парламент за воведувањето на данокот на банкарските депозити ќе биде одложено.

Пред ова одложување, рускиот претседател Владимир Путин ова го нарече „присилна наплата на банкарските депозити“ на Кипар, за која смета дека е нефер, непрофесионална и опасна.

Дмитриј Песков, портпаролот на Владимир Путин вели дека претседателот на Русија ќе оддржи специјален состанок на кој ќе се расправа за должничката криза на Кипар.

„Проценувајќи ја можноста за донесување на одлуките за воведување на дополнителен данок на депозитите, Путин изјави дека, доколку оваа одлука биде донесена, таа ќе биде неправедна, непрофесионална и опасна“, изјави Пешков.

Руските банки на крајот на 2012 година имале околу 12 милијарди долари пласирани на Кипар и корпоративни депозити во износ од 19 милијарди долари, според проценките на американската агенција за кредитен рејтинг Мудис.

Според Путин, ваквото решение нема да им се допадне на руските бизнисмени. Во Кипар стравуваат дека руските инвеститори можат да ги повлечат парите со електронски трансакции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП