26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПогба од наредното лето оди во Барселона

Погба од наредното лето оди во Барселона

download (2)

Фудбалерот на Јувентус, Пол Погба кариерата ќе ја продолжи во Барселона, но во редовите на европскиот првак ќе се пресели наредното лето, пренесуваат шпанските медиуми.

Повикувајќи се на извори од Барселона челниците на двата клуба постигнале договор околу трансферот, кој ќе биде реализиран наредното лето кога на Барселона ќе и заврши супензијата која и ја изрече УЕФА.

Каталонците, поради кршење на правилата околу регрутирањето на млади фудбалери доби суспензија од УЕФА, па ова лето, како што тоа беше случај со изминатата зима, нема да смеат да реализираат трансфери.

Официјални лица на Барселона изминатите денови престојуваат во Италија, а клучниот состанок околу трансферот на Погба се случил во средата попладне во Милано.

Интерес за Погба покажуваа речиси сите богати и влијателни европски клубови, но Барселона ја реши трката на взаемно задоволство, бидејќи го договори трансферот на играчот кој уште една година ќе остане во Јувентус.

Интересно, иако двата тима се договориле Погба да се пресели во Барселона, цената на трансферот ќе биде договорена наредното лето, кога истиот треба да биде реализиран. За Барселона е клучно што издејствува Погба да не оди во некој друг тим.

22-годишниот француски репрезентативец во Јувентус пристигна во 2012 година од Манчестер Јунајтед како слободен играч, откако тогашниот менаџер Алекс Фергусон проценил дека тој не е доволно добар играч за ‘црвените ѓаволи’.

Погба сениорската кариера ја започна токму во Манчестер Јунајтед каде пристигнал на 16-годишна возраст. Минатата сезона тој беше еден од најзаслужните што Јувентус ја освои двојната круна во Италија и играше во финалето во Лигата на шампионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП