27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА82% од луѓето вработени на определено време

82% од луѓето вработени на определено време

francija3

Во Франција 82 проценти од луѓето се вработени на определено време. На крајот на минатата година во Франција договорите за работа на определено време сочинуваа 82 проценти од вкупниот број на договорите во компаниите со повеќе од 10 вработени, што е најголемиот процент од 1999 година, моментот кога оваа статистика започнала да се води, објави француското Министерство за труд.

 
Стапката на вработеност на определено време е највисока во терцијалните активности (83,7 проценти) и во индустријата (68,2 проценти). Во овие два сектора, стапката е зголемена за 3,2 и 4,1 проценти, додека во градежната индустрија опаднала за 2,4, на 49,9 проценти во 2012 година, објавуваат странските медиуми.

 
Во исто време, стапката на престанок на работниот однос поради истекот на договорот е во постојан раст, така таа во 2012 година достигнала највисоко ниво во последните 10 години, изнесувајќи 9,7 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП