8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд утре почнуваат отворените денови на Централниот регистар

Од утре почнуваат отворените денови на Централниот регистар

centralen-registar

Централниот регистар на Република Македонија од утре почнува со отворените денови на кои граѓаните и правните субјекти ќе имаат можност да добијат информации за сето она што ги интересира, а е поврзано со работата на оваа институција.

Акцијата ќе се реализира во сите 11 регионални канцеларии на Централниот регистар во кои тимови од стручни лица ќе им бидат на располагање на граѓаните. Отворените денови почнуваат во Велес, а распоредот за следните денови ќе биде објавен на веб страницата на Централниот регистар.

– Тимовите брзо и ефикасно ќе може да им дадат одговор на заинтересираните на самото место, а граѓаните ќе бидат информирани за сите отворени прашања што за нив претставуваат дилема. Ако барањата на граѓаните се надвор од надлежностите на Централниот регистар, ќе ги упатиме до институцијата која е надлежна за решавање на нивниот проблем, истакна директорот Ванчо Костадиновски на денешната прес-конференција.

Најмногу прашања очекува да бидат поставувани во врска со бришењето на компаниите согласно последните измени на Законот за трговски друштва, за новините што се  спроведуваат во Регистарот, како и за задолжницата како инструмент за обезбедување на побарувањата.

Во врска со актуелното бришење на неактивните фирми согласно новите измени на Законот за трговски друштва, Костадиновски информираше дека веќе има објава за првата категорија компании.

– По завршувањето на законски утврдените рокови, ќе преминеме кон бришење и нормално дека сликата која создаваше недоумица во јавноста во однос на статистиките за неактивност на фирмите ќе се измени, односно таа бројка ќе биде намалена со првата категорија. Потоа ќе се оди кон втората категорија фирми што не се активни, односно немаат доставувано годишни сметки за последните три години или имаат доставувано изјави и празни годишни сметки за немање на деловна активност. На крај ќе се оди со третата категорија, односно Управата за јавни приходи врз основа на регистарот што го има преземено од Агенција за блокирани сметки ќе  не извести кои се компаниите со блокирани сметки, појасни Костадиновски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП