25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИShell инвестира во ирачката нафта

Shell инвестира во ирачката нафта

nafta12

Англиско-холандската нафтена компанија „Royal Dutch Shell“ во оваа година ќе инвестира повеќе од една милијарда долари (760 милиони евра) во развојот на главните наоѓалишта на нафта во Ирак.

Експлоатацијата на овие наоѓалишта ќе започне на први мај оваа година.

Оваа инвестиција ќе му овозможи на Ирак да се приближи кон целното производство од 2,9 милиони барели на ден, план кој е зацртан за 2013 година, пренесуваат странските медиуми.

Во февруари оваа година, обемот на производството беше 2,538 милиони барели на ден, во споредба со 2,359 милиони барели во јануари.

Ирак според резервите на нафта е четврти во светот. Ирак планира до 2017 година да оствари експлоатација од шест милиони барели нафта на ден.

Ирачкиот министер за нафта Абдул Карем Луиаби прецизираше дека инвестициите кој Багдад ги планира за развојните проекти вредат 173 милиони долари, и ќе донесат профит од 500 до 600 милијарди долари во наредните пет години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП