20 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИWordPress.org наполни 10 години (видео)

WordPress.org наполни 10 години (видео)

WordPress-Automattic

Најпопуларната платформа за создавање на блогови, „WordPress.org“ одбележа 10-годишен јубилеј. Мет Муленуег, кој е основач на компанијата „Automattic“ и на самиот „Wordpress“, објавува интересни детали околу развојот на платформата во изминатите години.

Самиот софтвер на „WordPress“ е создаден уште во 2003-та година. Две години подоцна се создава и платформата „Wordpress.org“, која му овозможува на секој да си регистрира бесплатен блог и да го одржува. Се разбира, има и опција за платени членства кои даваат дополнителни услуги и од кои „WordPress.org“ се издржува.

За изминатите 10 години корисниците објавиле вкупно 2,5 милијарди текстови на 137 јазици. На публикациите има и над 3 милијарди коментари.

Најдолгиот наслов на блог содржи најимпресивните 19.176 зборови.

За сметка на тоа најдолгиот текст кој е објавен во „WordPress.org“ содржи 10 милиони зборови.

Марк Армстронг, еден од главните актери во платформата, истакнува дека „WordPress“ е името на самиот софтвер кој секој човек може да го преземе и инсталира на свој хостинг. „WordPress.org“ е името на сајтот и платформата каде човек може да си направи бесплатна регистрација и да добие веќе инсталиран блог.

Вкупно 24% од сите интернет сајтови го користат софтверот „WordPress“.

„Веруваме дека има уште што да направиме за да може „WordPress.org“ да биде местото кое дава место на вашата креативност, мисли, идеи и бизнис“, коментира Армстронг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП