29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСоработувај за безбедна вода

Соработувај за безбедна вода

svetski-den-voda

По повод одбележување на Светскиот ден на водата на 17 Март (недела) со почеток во 12 часот во Паркот на езерата (населба Аеродром) се одржа манифестација посветена на меѓународната соработка за водата. Секоја година, Светскиот ден на водата нагласува специфичен аспект на водите, а оваа година се одвива под мотото „Соработувај за безбедна вода“ со што се става акцент на значењето на соработката во управувањето на ограничените ресурси на вода во светот.

„Светската здравствена организација, квалитетот на водата за пиење го категоризира во дванаесетте основни показатели на здравствената состојба на жителите на една земја, со што се потврдува нејзината значајна улога во заштитата и унапредувањето на здравјето.

Годинава целта на Институтот за јавно здравје на РМ, освен пораката што ја носи Светскиот ден на водата, е отворање на нови канали на комуникација и соработка за управување со водите во светот кој сé повеќе ги зголемува барањата за достапност, алокација и одржување на изворите на слатка вода. Затоа АПЕЛИРАМ до граѓаните да ја чуваме водата за генерациите кои доаѓаат“ – асс. д-р Шабан Мемети, Директор на Институт за јавно здравје на РМ.

Од 1993 година, светот го одбележува 22 март како ден посветен на значењето на водата, со цел  да се подигне јавната свест за оддржување на безбедноста на слатката вода, како и оддржливо управување со изворите на водата за пиење.

Обележувањето се врши со различни активности, во насока да се подигне јавната свест преку соодветни публикации, организирање различни конференции, семинари и тркалезни маси кои се однесуваат на заштита и развој на водните ресурси.

Декадата 2005-2015 година се одбележува под слоганот “Вода за живот”. Оваа година одбележувањето на Светскиот ден на водата во Македонија се одвива во координација со Националната Канцеларија на УНЕСКО.

 

direktor

„Oвој ден, всушност, е повик за акција на целото човештво дека сите мора да се здружиме и заедно да работиме за заштита, обнова и подобро управување со природните ресурси со цел да обезбедиме чиста вода, а со тоа и храна за секој граѓанин на светот, сега и во иднина“- изјави Лидија Топузовска, Генерален секретар на Националната канцеларија на УНЕСКО во Република Македонија.

Покрај присуствотото на Институтот за јавно здравје на РМ и УНЕСКО како домаќини, дел од настанот се и македонските производители на пакувана вода кои се претставија со свои штандови. Волонтерите на Црвениот крст за времетраењето на настанот дистрибуира вода до случајните минувачи во населбата  Аеродром.

Програмата содржински беше збогатена со учество на жонглери и музички настапи, како и претставување на уметнички дела на учениците од сите основни училишта во општина Аеродром на тема „Соработувај за безбедна вода“.

 

Институтот за јавно здравје на РМ по повод овој ден, а во име на значењето на водата за оддржување на доброто здравје, заедно со претставникот на УНЕСКО и производителите на пакувана вода како партнери донираа пакети вода во пензионерскиот дом во населба Аеродром.

 

foto

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП