30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина: Зголемен извозот на оружје за 162%

Кина: Зголемен извозот на оружје за 162%

oruzje1

Кина стана петтата земја во светот според извозот на оружје, соопшти шведскиот институт за мир.

Обемот на извоз на оружје од Кина се зголеми за 162 проценти од 2008 до 2012, во споредба со периодот од претходните пет години, се наведува во извештајот на Меѓународниот институт за мировни истражувања во Стокхлом (Stockholm International Peace Researć Institute – SIPRI).

Најголем купувач на кинеското оружје бил Пакистан (55 проценти), потоа Мјанмар (8 проценти) и Бангладеш (7 проценти).

Пол Холтом, експерт во SIPRI, изјави дека Кина во последниот период се наметнала како „значаен снабдувач со оружје“.

Америка е прва на листата за продажба на оружје во последни пет години, по неа е Русија, а на третото место е Германија, додека Франција е четвртиот извозник на оружје во светот. Откако Кина ја истурка, Велика Британија се смести на шестата позиција, иако од 1950 година таа упорно го држеше петтото место.

Индија (12 проценти) и Кина (6 проценти) се најголемите увозници на конвенционално оружје. Потоа следат Пакистан (5 проценти), Јужна Кореја (5 проценти) и Сингапур (4 проценти), се наведува во извештајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП