Сместен во внатрешноста на овој шармантен стар град Џодпур, RAAS е волшебен бутик хотел кој е урбано чудо во овој град опкружен со ѕидови…
Оваа прекрасна оаза на гостите им дава шанса целосно да се одвојат од животот во модерното време и нивниот брз ритам, во егзотична атмосфера која е проткаена со сјајна историја. Сепак, не мислете дека овде нема модерни погодности, баш напротив.
Во RAAS хотелот, постојат 39 соби, вклучувајќи седум апартмани, кои се дизајнирани во мирен и луксузен стил, така што секој простор во овој хотел е модерен, простран и функционален. Секоја соба има прекрасен мебел, одвоен дел за седење, големи тераси и модерна бања.
Прекрасната храна и пијалоци, спа центарот како и пливањето во прекрасните базени дополнително ќе го разубават вашиот одмор.