25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНародната банка ја намали каматата на благајничките записи

Народната банка ја намали каматата на благајничките записи

narodnabanka

Народната  банка ја намали референтната камата за 0,25%. Наместо досегашната максимална камата во висина од  3,7 отсто, по ново, максималната каматна стапка за благајнички записи ќе изнесува  3,5 отсто. Поради ова, се очекува и банките да го следат ваквиот сигнал, односно да ги олеснат условите за кредитирање, со намалување на каматните стапки за кредитите.

Од Народната банка велат дека ќе продолжи трендот на поволни движења кај инфлацијата и девизните резерви. Во податоците од декември се гледа стабилизација на цените, а таквата динамика укажува на постепено смирување на инфлациските притисоци и пониска инфлација отколку претходно очекуваната.

Поволниот девизен пазар во декември овозможи повисок раст на девизните резерви, во споредба со очекувањата, покажувајќи подобра појдовна позиција на девизните резерви на крајот на годината во однос на очекувањата.

Во моментов банките се возржуваат од поголемо кредитирање, па токму затоа Народната банка одлучи да ја намали каматната стапка.

Евентуалното влошување на глобалната економија, како и неизвесноста околу преносните ефекти врз инфлацијата во наредниот период,  се сеуште главните ризици за макроекономските движења во претстојниот период.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП