5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако Истанбул ќе го засени Волстрит?

Како Истанбул ќе го засени Волстрит?

istanbul1

Турскиот претседател Абдула Ѓул неодамна изнесе проценка дека неговата земја до 2050 година ќе стане најсилната европска економска сила.

За сериозните намери на Турција говори и стапката на раст. Минатата година Турција беше седмата најсилна економија во Европa, додека во листата на Економист, таа го завзема 17 место во светот.

Турција е сериозна во остварувањето на плановите до 2023 да влезе меѓу 10-те најголеми економии во светот и со намерата Истанбул да го претвори во глобален финансиски центар.

Според пишувањето на странските медиуми, Истанбул ќе добие нов финансиски центар кој ќе го засени њујоркшкиот Волстрит. На 70 хектари во азискиот дел од градот ќе биде подигнат комплекс вреден 2,6 милијарди долари. Големите подобрувања во инфраструктурата вклучуваат и изградба на нова подземна железница, како и нова инфраструктура за одржлива енергија, но и безбедност и информации.

Плановите за изградба обезбедуваат рамка за развој на одржливиот финансиски центар на начин кој ги поддржува потребите на луѓето, еколошката и економската одржливост на управувањето во новиот глобален модел на урбанистичкото планирање кој е вкоренет во турската култура.

Работата на овој проект веќе започна, а проектот се очекува да биде финиширан на крајот на 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП