2 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНов луксузен Rare Cask коњак

Нов луксузен Rare Cask коњак

cask1

„Louis XIII“ ќе лансира ново ограничено издание од „Rare Cask“ коњакот 42,6…

„Louis XIII“, еден од најпрепознатливите светски брендови, кога станува збор за луксузниот коњак, ќе лансира специјално ограничено издание „Rare Cask“ и со тоа ќе го означи второто појавување на оваа понуда во 140 години старата историја на овој бренд. „Louis XIII“, од познатата куќа „Remy Martin“ е уникатна мешавина од 1200 „eaux-de-vie“ со потекло од ексклузивниот „Grande Champagne“, најпрестижното нешто во светот на коњакот.

LOUIS XIII reveals Rare Cask 42.6 to the world

Овој драгоцен алкохолен пијалок, стар дури еден век, созревал во бурињата познати како „tiercons“, кои ги открил експертот во визбата на „Louis XIII“ и ги користел за оваа прилика.

cask4

Коњакот наречен 42,6 поради својата висока јачина од 42,6 проценти алкохол, ќе биде произведен во само 738 шишиња, колку што дозволува количината на бурињата, и неговата цена ќе изнесува 23,000 амрикански долари. Шишето е дизајнирано од 20 експерти кои го користеле скапоцениот црн „Baccarat“ кристал, крунисан со 24 каратно злато.

cask5

„ Louis XIII Rare Cask 42.6“ на почетокот ќе биде достапен само „во чаша“, во престижните лондонски локали, а во септември и шишињата од овој луксузен пијалок ќе бидат пуштени во продажба.

cask3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП