Њујоршкиот ресторан „The Serendipity 3“ во својата понуда има бројни екстравагантни варијанти од класичните американски рецепти, а сега во пондудата е присутен и најскапиот сендвич во светот…
Овој ресторан е познат и по „Frrrozen Hot Chocolate“ рецептот, но и по најскапиот хот-дог во светот. Сега постигна нов светски рекорд, кој е запишан во „Guinness World Record“, за најскапиот сендвич во светот.
Состојките кои се користат најдобро ја објаснуваат цената од 214 долари. Во сендвичот „Quintessential Grilled Cheese“ има шампањ, јастог и масло од тартуфи, а рабовите се прекриени со 24-каратно злато.
Овој сендвич мора да се нарача 48 часа однапред за да се обезбеди доволно време за подготовката, а неговата цена изнесува 214 долари. Погледнете го видеото: