Стапката на невработеност во Бугарија во минатата година изнесуваше 12,3 проценти, што претставува зголемување за еден процент од претходната 2011 година, покажуваат податоците на Националниот статистички институт.
Од вкупно 410,000 невработени, повеќето се мажи, односно 226,000 лица.
Во Бугарија, според последниот попис, живеат околу 7,3 милиони жители.