6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканците ги погоди најголемото поскапување во последните 4 години

Американците ги погоди најголемото поскапување во последните 4 години

sk1

Потрошувачките цени во САД, во февруари забележале најголем раст во последните 4 години, поради значителното поскапување на бензинот, извести американската влада.

Министерството за труд објави дека во минатиот месец неговиот индекс за потрошувачките цени пораснал за 0,7 проценти, што е највисока стапка од јуни 2009 година. Во јануари цените стагнираа. На бензинот отпаднаа околу три четвртини од растот на потрошувачките цени.

Така, во минатиот месец бензинот во САД поскапел за 9,1 проценти во однос на претходниот месец, што е негово најголемо поскапување од јуни 2009 година. Во јануари, цената му паднала три проценти.

Ако се одземат цените на храната и бензинот, индексот на потрошувачките цени се зголемил за 0,2 проценти, после 0,3-процентиот раст во претходниот месец.

На годишно ниво, потрошувачките цени во февруари пораснале за два проценти, што е нивни најголем раст од октомври 2012 година. Во јануари пораснале за 1,6 проценти.

Индексот на основните цени кој не ги вклучува цените на храната, бензинот и енергијата, исто така пораснал на годишно ниво за два проценти. Во јануари е зголемен за 1,9 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП