7 јули, 2025
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПосетете го луксузниот Hotel Corinthia (фото)

Посетете го луксузниот Hotel Corinthia (фото)

rri1

„Hotel Corinthia“ е лоциран во Лондон и претставува современ дворец во центарот на градот.

Отворен е 2011 година и познат е по големиот број на луксузни апартмани и пентхауси дизајнирани со многу стил и елеганција. Класичната британска естетика и богато наследство на самата зграда, идеално се спојуваат со овој хотел, кој се наоѓа во близина на значајни знаменитости во Лондон.

Хотелот кој веќе има 5 ѕвездички и понатаму руши рекорди. Од терасите на овој хотел се открива простран видик на реката Темза и целиот град.

Просторот во секој од апартманите е поделен на два ката, со прекрасни спирални скалила кои ги спојуваат. На едниот кат се наоѓа соба со камин, спална соба со сопствена бања и гардероба, сопствен бар, кујна, гостинска соба, велнес соба, тераса со удобен мебел и уште една спална соба.

Овој хотел има и специјален лифт кој ги води гостите директно во собата. Предворјето е кружно и целосно изработено од мермер, а ѕидовите се украсени со огледала. Подовите во собите се направени од дабово дрво и се прекриени со меки теписи. Не се изоставени ни деталите во форма на цветови, бои и прекрасни постелнини кои оддаваат впечаток на дом и топлина.

Благодарение на панорамските прозорци, во апартманите има постојано природна светлост, која паѓа на рачно изработениот мебел.

Во сите простории висат грандиозни лустери, а телевизорите се направени така што кога не работат претставуваат огледала. Креветите се со удобност на кралска постела.

rr2

rr3

rr4

rr5

rr6

rr7

rr8

rr9

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар