6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДејвид Заслав - највисокоплатениот извршен директор во САД

Дејвид Заслав – највисокоплатениот извршен директор во САД

david zaslav0202

Можеби досега никогаш да не сте слушнале за името Дејвид Заслав, но веројатно сте ги гледале неговите телевизиски програми. Тој е главен извршен директор на „Discovery Communications“, во чие портфолио се вклучени програмите „TLC“, „Oprah Winfrey Network“ и „Discovery Channel“, коментира „CNN“.

Кога неодамна „Equilar“ ја претстави листата со најплатените извршни директори на американски компании, Заслав ги престигна познатите магнати, како шефовите на „Oracle“, „Yahoo“, „JP Morgan Chase“ и дури Руперт Мардок.

Заслав (55 години) е поранешен вонреден професор од „Fordham University“. Минатата година тој заработил 156,1 милиони долари или 44,2 милиони долари повеќе од наредниот извршен директор во рангирањето – Мајкл Фрајс од „Liberty Global“. Целосната плата го прави Заслав највисокоплатениот извршен директор, откако Тим Кук од „Apple“ доби повеќе од 370 милиони долари во 2011-та година.

Заслав е исклучително успешен како лидер на „Discovery“. Откако ја презеде функцијата во 2007-ма година, акциите на компанијата поскапеле со повеќе од 300%. А Заслав успеа да си ја зголеми платата со новиот договор, кој го потпиша минатата година. Договорот, кој истекува во 2019-та година, вклучува основна плата од 3 милиони долари и повеќе од 6 милиони долари бонуси. Остатокот од извонредниот пакет е во форма на акции и опции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП