15 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕWaterscape - ново име за луксуз на вода (фото)

Waterscape – ново име за луксуз на вода (фото)

watt1

Креирана е за оние кои живеат или сакаат да го поминат своето време покрај вода, „Waterscape“ платформата овозможува неверојатно многу можности, а нејзиниот едноставен дизајн привлекува внимание.

Австралискиот дизајнер Александар Лотерштајн ја креираше оваа платформа со едноставен изглед, која може целосно да се вклопи во сечиј вкус. На неа има светилки кои се поместуваат од едно на друго место, скалила, па и мебел со висок дизајн, место за цветна декорација, па дури и простор за слетување на хеликоптер.

Многу планирање е вложено во оваа платформа со цел таа да остане влексибилна при бранување на водата, да не одвојува лесно од обалата, да издржи голема тежина и сл.

Оваа платформа има и посебен заштитен слој кој ја штити од гребаници и удари. Кога ќе се стемни, доколку сакате, таа има и опција за LED светла на рабовите со што дава суптилен отсјај, а достапни се со само едно притискање на копчето.

Има доволно простор да ги сместите сите ваши потребни работи кои ви се неопходни за целодневно уживање на вода.

watt2

watt3

watt4

watt5

watt6

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП