28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБарозо: 13 проценти од европскиот БДП мобилизирани за спас на финансискиот сектор

Барозо: 13 проценти од европскиот БДП мобилизирани за спас на финансискиот сектор

_61259538_barosso

Европа се соочува со најголемата финансиска криза досега, при што 13 проценти од европскиот Бруто домашен производ (БДП) се мобилизирани за спас на финансискиот сектор на „стариот континент“, изјави денеска во Брисел претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо, на прес-конференција по завршувањето на дводневниот пролетен Самит на Европскиот совет.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, изјавата на Барозо претсавуваше реакција на протестите во Брисел организрани од страна на илјадници белгиски, германски и француски граѓани, кои бараат олабавување на мерките за штедење, поттикнување на економски раст и намалување на невработеноста.

Денешниот втор дел од Самитот беше посветен на случувањата во Сирија и однсоите на Европската унија со Русија, откако вчера лидерите на земјите-членки на ЕУ расправаа за монетарната и економската унија.

– Синоќа имавме дебата за еврозоната, со посебна анализа на економската ситуација. Презентацијата на претседателот на Европската централна банка, Марио Драги, како и мојата, покажаа дека за да се постигне раст, ни треба конкурентност и во врска со ова мора да посветиме внимание на продуктивноста и вработувањето, што предизвикува најголема загриженост. Европската комисија работи на можноста за вработување на младите и ЕУ веќе префрли 16 миилијарди евра, од што бенефит треба да имаат околу 800.000 млади, посочи Барозо, додавајќи дека Комисијата ќе работи брзо на ова прашање и неделава ќе излезе со конкретен предлог со цел оваа иницијатива да стане реалност.

Претседателот на Европскито совет, Херман ван Ромпуј, пак, додаде дека вчера Советот ги поставил приоритетите за економските политики за оваа година. По

Утврдивме економска стратегија и широк консензус. Прашањето за доделување кредити на компаниите е клучно за раст и конкурентност и за функционирање на пазарот, за да се обебзеди вработување, пред се на младите. А, растот доаѓа од довербата, кредитите и конкурентноста. Нашата економска стратегија е на земјите од еврозоната целосно да има се обезбеди финансиска стабилност, одржливи јавни финансии, мерки за борба со неврботеноста, посебно на младите и структурна реформа за конкруентност и раст, посочи Ромпуј.

Според првиот човек на Советот, претходно се говорело и за економска и монетарна унија, при што тој го посочи Единственито механизам за супервизија (ССМ) со кој може да се врши директна докапитализација на банките во земјите од еврозоната. Ромпуј посочи и дека архитектурата на економската и монетарната унија зазема централно место во напорите на ЕУ за финансиска стабилност на еврозоната, за што ќе се разговара и на следниот јунски Самит на ЕС.

Инаку, денеска, клучна тема на вториот ден од Самитот беа односите на Унијата со Русија, откако во октомври минатата година се говореше за односите со Кина, а подоцна годинава ќе се одлучува за релацијата на ЕУ со САД. Според Ромпуј, со Русија е потребна поширока соработка, бидејѓи тоа партнерство е важно на Унијата, па затоа мора да се најде решение за меѓусебните разлики, со почитување на законите и вредностите.

– Утринава дискутиравме и за драматичната ситуација во Сирија. Потврдивме дека ЕУ е целосно посветена на напорите на меѓународната заедница за ставање на крај на насилството во оваа земја. Прашањето за укинувањето на ембаргото за извоз на оружје, кое беше покренато од некои членови на ЕУ, е оставено да го решат министрите за надворешни работи на земјите-членки идната недела на состанок во Даблин, истакна претседателот на Европскиот совет, додавајќи дека британскиот премиер Дејвид Камерон информирал за претстојниот Самит на Групата осум најразвиени земји во светот (Г-8), што ќе се одржи во Лондон.

Пред крајот на прес-конференцијата по повод завршениот пролетен Самит на Советот, Барозо истакна и дека е побарано да се поведе посилна борба против даночната евазија и дека на национално ниво во сите земји оваа борба треба да биде жестока и сите да плаќаат даноци.

Тој откри и дека е разговарано за проширување на трговската размена со Африка, додека за Русија посочи дека е земја каде ЕУ е прв енергетски клиент и дека оваа земја е трет економски партнер на Унијата, поради што мора да се продлабочат нивните односи. По тој повод, тој најави и негова посета на Москва во придружба на уште неколку европски комесари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП