2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе зголемува невработеноста во Бугарија

Се зголемува невработеноста во Бугарија

nevrabotenost-630x354

 Стапката на невработеност во Бугарија во февруари се зголеми на 12 од 11,9 отсто од претходниот месец, поради се поголемите предизвици кои стојат пред најсиромашната членка на ЕУ во пресрет на изборите во мај, покажуваат денеска објавените официјални податоци во Софија.

Податоците на бугарскиот Завод за статистика ги вклучуваат само регистрираните невработени, а групации на работодавци наведуваат дека реалната невработеност би можела да изнесува околу 17 или 18 отсто.

Официјалната стапка на невработеност минатата година изнесувала 11,1 отсто, во однос на 10,1 отсто од 2011 и 9,5 отсто од 2010 година. Според најновата прогноза на ММФ, невработеноста во Бугарија оваа година ќе достигне 12,5 отсто.

Бугарската економија во 2009 година опадна за пет отсто и оттогаш се обидува да заздрави, но странските инвестиции и натаму се ниски, а просечните плати се на исто ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП