7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен број на претставки за нарушување на приватноста во банките

Зголемен број на претставки за нарушување на приватноста во банките

elen-e1341419118845

По повод одбележувањето на Денот на потрошувачите, 15 март, а со цел подигнување на јавната свест за заштита на личните податоци на потрошувачите во банкарскиот сектор и друштвата за наплата на долгови,  Дирекцијата за заштита на личните податоци заедно со Организацијата на потрошувачите на Македонија и повеќе банки организираат отворени денови за заштита на личните податоци на потрошувачите.

– Причината зошто оваа година решивме да правиме проект за одбележуавње на денот на потрошувачи токму со секторот банкарство, прво зголемениот број на претставки кои ги добивавме во изминатата година за конкретните случаи поврзани со нарушување на приватноста во банкарскиот сектор. Сметаме дека со една ваква кампања ќе придонесеме за подигањето на јавната свест и за информирање на граѓаните за нивните права, но во исто време не помалку важно и за нивните обврски коишто произлегуваат од прописите за банкарство, а поврзани со користењето на податоците, изјави директорот на Дирекцијата Димитар Ѓеорѓиевски.

На граѓаните, појаснува тој, често пати не им е јасно дали и во кој обем банките смеат да собираат лични податоци за нив и да ги обработуваат и како може фирмите за наплата на долгови без нивно знаење да се јавуваат иако претходно немале контакти со нив и правен основ за такво јавување.

– Препораката до граѓаните ќе биде да се информираат навремено за тоа дали и во кој обем личните податоци кои се бараат во банките и во финансиските институции во државата се навистина потребни за остварување на целта заради кои тие користат услуги од банките. За секоја недоумица или сомнителна состојба да побараат помош од Дирекцијата за заштита на личните податоци која всушност и постои заради штитењето на нивната приватност, изјави Ѓеорѓиевски.

Отворените денови започнаа денеска во Скопје со штанд во Градскиот трговски центар, а продолжува на 19 март во Битола (Градски Плоштад), 21 март во Кавадарци (Градски Плоштад) и 26 март во Тетово (Градски Плоштад) , 28 март Охрид (Градски Плоштад) и на 30 март Струмица (ТЦ Глобал).

На Отворените денови граѓаните ќе имаат можност да се информираат за своето право на заштита на личните податоци во банкарскиот сектор, да добијат одговори на најчесто поставуваните прашања поврзани со собирањето и обработката на личните податоци, директниот маркетинг но и да ги постават директни прашања до Дирекцијата за заштита на личните податоци, банките и друштвата за наплата на долгови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП