26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМекларен е новиот менаџер на Њукасл

Мекларен е новиот менаџер на Њукасл

meklaren-selektor45646

Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Англија, Стив Мекларен е поставен за нов шеф на стручниот штаб на Њукасл. Мекларен потпишал тригодишен договор со опција истиот да биде продолжен за уште пет години.

Мекларен на клупата на Њукасл го наследи привремениот менаџер Џон Карвер кој доби отказ по завршувањето на сезоната.

„Привилегија е да се биде менаџер на Њукасл. Ова е голе клуб со извонредна традиција. Сен Џејмс Парк е како катедрала во сабота претпладне, возбуден сум што ја добив оваа прилика“, изјавил Мекларен за официјалната интернет страница на клубот.

Главна цел на Мекларен, како пто самиот рече ќе биде Њукалс да освои некој трофеј.

Стив Мекларен во кариерата бил тренер на Мидлзброу, Твенте, Волфсбург, Нотингем Форест, КПР.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП