29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШто ќе ја уништи светската економија?

Што ќе ја уништи светската економија?

svet3

Растечката нееднаквост помеѓу богатите и сиромашните како и експлозијата на државните буџетски дефицити, ќе претставува главна закана на глобалната економија во наредната деценија.

Дури 1.000 водечки економски аналитичари учествуваа во анкетата на Светскиот економски форум, непосредно пред годишниот самит.

Според нивните проценки за климатските промени, недостатокот на вода за пиење и стареењето на жителите, исто така ќе претставува закана за светската економија во наредните десет години. Борбата против климатските услови може да стане товар за поддржаната глобална економија, така што обидите за борба против понатамошното загадување на животната околина би можеле да дојдат во опасност.

Во извештајот се наведува дека бројот на луѓето кои живеат во загрозените зони поради природните катастрофи, би можел да се зголеми поради глобалното затоплување, а тоа би резултирало со издвојување на поголеми средства за помош на тие зони, пренесува канадскиот весник „Прес“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП